Резервирано за ЧЛЕНКИ
Влези
Добредојдовте
За нас 
   Основач 
   Раководство
   Нашиот тим
   Документи
   Даватели на податоци
   Корисници на податоци
   Субјекти на податоци
Производи и услуги
   Извештаи
   Постапување по рекламации
Наши членки
   Придобивки од членство
   Стани член
Стратегии
   Стратегија за развој
   Стратегија за доверливост
Публикации и Брошури
Прашања и одговори


СООПШТЕНИЕ ВО ВРСКА СО ОДРЖАНАТА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА МАКЕДОНСКО КРЕДИТНО БИРО НА ДЕН 25.10.2011

По повод позитивните резултати, напредокот и позиционирањето на Република Македонија на трето место во светот на листата на најмногу подобрени економии во олеснувањето на условите за водење бизнис, според најновиот извештај „Дуниг бизнис 2012-та“ на Светската банка и Меѓународната финансиска корпорација, Македонско кредитно биро одржа прес-конференција на тема „Придонесот на Македонското кредитно биро во реформите на деловната клима и рангирањето на Република Македонија како трета најподобрена економија во светот“. Изјава до присутните медиуми даде Главниот извршен директор на Македонско кредитно биро, г-ѓа Славица Богоева која истакна:

 "Деновиве сите сме под впечатоците на резултатите од Дуинг бизнис 2012 година. Всушност на одличните резултати што ги оствари РМ ".

Светската банка го вреднуваше особениот напредок на Република Македонија во четири дејности. Едната од нив е добивањето кредит и пристапот до кредитни информации. По овој индикатор, РМ има забележан напредок од 21 место и сега е позиционирана на 24 од досегашното 45 место. Досега Република Македонија редовно губеше неколку позиции токму заради непостоењето на приватно кредитно биро. Тоа всушност беше и поводот што Владата на РМ го иницираше основањето на приватното кредитно биро, а таа задача им ја препушти на банките. Ме радува што Македонско кредитно биро, како прво приватно кредитно биро во Република Македонија, по само десет месеци од почетокот со работа, веќе го дава својот придонес за подобрување на деловното опружување. Како национална база на податоци за обврските на правните и физичките лица, Македонско кредитно биро делува како систем за намалување на ризикот во работењето и зголемување на финансиската дисциплина. Тоа овозможува да се подобрат вкупните услови за водење бизнис, што ќе помогне и Република Македонија да се промовира како посигурна инвестициска дестинација.

За овој период од десет месеци откако започна со издавањето извештаи за обврските на правните и физичките лица, Македонско кредитно биро издаде 23.000 извештаи. Тоа е одличен резултат и покажува дека постои интересот на македонскиот пазар за услугите на Македонско кредитно биро и дека членките почнуваат се повеќе да се потпираат на неговите податоци при донесувањето деловни одлуки.

Македонско кредитно биро е нова институција која интенизвно работи на надградбата на својот капацитет. Со јакнењето на капацитетот очекувано е да јакне и неговото влијание. Светското искуство во работењето на странските кредитни бироа ми покажува и затоа верувам дека Македонско кредитно биро ќе се наметне како неизбежна алка на современото и сигурното работење и дека неговите услуги ќе станат составен дел на секојдневното работење и живеење на трговските друштва и на граѓаните на Република Македонија.“

На презентацијата што следеше Славица Богоева дополнително информира за важноста од постоењето и функционирањето на Македонско кредитно биро кое станува порелевантно од било кога порано во услови кога сеуште се чувствуваат последиците од светската финансиска и економска криза. Меѓу другото, таа потенцираше дека производите и услугите на Македонско кредитно биро можат да бидат корисна алатка во обезбедувањето ефикасна алокација на дополнителните средства што ќе се ослободат по најновата мерка на НБРМ за намалување на задолжителната резерва, за нивно поголемо насочување за кредитирање.

 
Актуелности

Македонско кредитно биро организира бесплатен семинар за граѓаните на 04.11.2011 година
                        повеќе >>

Македонско кредитно биро одржа прес-конференција на тема„Придонесот на Македонското кредитно биро во реформите на деловната клима и рангирањето на Република Македонија како трета нај подобрена економија во светот
                        повеќе >>

Потпишан договор за соработка со Стопанска банка АД Битола на ден 14.10.2011 година.

Потпишан договор за соработка со ТТК Банка АД Скопје на ден 10.10.2011 година.



Корисни линкови

Дирекција за заштита на личните податоци
Организација на потрошувачи
Клириншка куќа КИБС АД Скопјe
КИБС Издавач на дигитални сертификати