|
За нас
Македонското кредитно биро АД Скопје е првото приватно кредитно биро во Република Македонија.
Основано е на 24.12.2008 година во Скопје како акционерско друштво од страна на Клириншката
куќа Клириншки интербанкарски системи АД Скопје, во името на банките.
Неговата основна функција е да врши целосно или делумно, собирање и обработување на податоците за обврските
на субјектите и/или други податоци определени со Закон за кредитно биро, со цел да обезбеди извештаи за
задолженоста и редовноста во исполнувањето на обврските од страна на субјектот на податоците.
Во Македонското кредитно биро се доставуваат податоци за лица кои се однесуваат на настанати обврски по основ
на кредити, гаранции, акредитиви, заеми, платежни картички, финансиски лизинг, осигурување, обврски по основ
на даноци, обврски за телекомуникациски услуги, обврски за услуги од областа на енерегетиката, комунални давачки,
такси, придонеси, како и обврски по основ на користење на други услуги.
Производ на Македонското кредитно биро е Извештај.
|