Резервирано за ЧЛЕНКИ
Влези
Добредојдовте
За нас 
   Основач 
   Раководство
   Нашиот тим
   Документи
   Даватели на податоци
   Корисници на податоци
   Субјекти на податоци
Производи и услуги
   Извештаи
   Постапување по рекламации
Наши членки
   Придобивки од членство
   Стани член
Стратегии
   Стратегија за развој
   Стратегија за доверливост
Публикации и Брошури
Прашања и одговори


Сопствен извештај

Сопствениот извештај содржи потполни податоци за Субјектот на податоците, односно за износот на обврските, редовноста во исполнувањето, идентитетот на сите Даватели на податоци, друг вид на обврски како жирант, кокредитобарател или солидарен должник и идентитетот на сите Корисници на податоци кои побарале извештај од Македонското кредитно биро во изминатата година за тој Субјект на податоци.

Сопствениот извештај служи за информирање и не може да се користи за добивање некоја услуга.

Koj може да побара Сопствен извештај?

Сопствен извештај може да побара секое правно и физичко лице за себе.

Сопствениот извештај може да се побара неограничен број пати и не е потребно да се дава причина или објаснување зошто се бара.

Сопствен извештај за правно лице може да побара овластеното лице лично или друго вработено лице, поднесувајќи Полномошно потпишано од овластеното лице и заверено со печат.

Сопствен извештај за физичко лице може да побара физичкото лице за себе лично или преку полномошник, кој, задолжително, треба да приложи Полномошно заверено на нотар.

Каде и по која постапка може да се побара Сопствен извештај?

Правно, односно физичко лице може да побара Сопствен извештај за себе од Македонското кредитно биро.

Македонското кредитно биро се наоѓа во Скопје, на ул. Димитрија Чуповски бр.13 (во зградата на Стопанската комора на Македонија).

Работното време со клиенти е од понеделник до петок, од 09.00 до 16.00 часот.

Постапката за издавање на Сопствен извештај, Македонското кредитно биро ќе ја започне по добивањето Барање за Сопствен извештај , кое може да се поднесе:

  • по електронски пат,

  • по факс,

  • по пошта или,

  • во просториите на Македонското кредитно биро.

Барањето за Сопствен извештај може да се отпечати од интернет страната на Македонското кредитно биро или да се добие во Македонското кредитно биро.

БАРАЊЕ СОПСТВЕН ИЗВЕШТАЈ ПО ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ, ПО ФАКС ИЛИ ПО ПОШТА

Правно, односно физичко лице може да побара Сопствен извештај по електронски пат на следната e-mail адреса baranje@mkb.mk, на факс 02/3251-290 или по пошта на адреса на Македонското кредитно биро .

Правно лице поднесува:

  • пополнето Барање за Сопствен извештај потпишано од овластеното лице и заверено со печат (скениран документ во случај на електронско поднесување),

  • копија од Тековната состојба на правното лице издадена од Централен регистар на Република Македонија (скениран документ во случај на електронско поднесување),

  • уплатница за уплатен надоместок (скениран документ во случај на електронско поднесување), за начинот и износот на уплатата види овде

Со исполнување на овие услови, извештајот може да се подигне во Македонското кредитно биро во договорениот термин, од страна на овластеното лице или друго вработено лице. Овластеното лице својот идентитет го докажува со документот за лична идентификација ( лична карта или пасош). Ако Сопствениот извештаја го подига друго вработено лице, тоа предочува потпишано Полномошно од овластеното лице и заверено со печат и документ за лична идентификација (лична карта или пасош). Содржината на полномошното може да се види овде

Правното лице може да побара Сопствениот извештај да му се достави по пошта или по електронска пат, според постапка објаснета подолу. За начинот и износот на уплатата види подолу.

Физичко лице поднесува:

  • пополнето Барање за Сопствен извештај и потпишано од физичкото лице (скениран документ во случај на електронско поднесување),

  • копија од документ за лична идентификација: лична карта или пасош, (скениран документ во случај на електронско поднесување),

  • уплатница за уплатен надомест (скениран документ во случај на електронско поднесување), за начинот и износот на уплатата види овде

Со исполнување на овие услови, извештајот може да се подигне во Македонското кредитно биро во договорениот термин од страна на физичкото лице лично, при што лицето го докажува својот идентитет со документот за лична идентификација (лична карта или пасош), или преку полномошник кој задолжително предочува Полномошно заверено на нотар и документ за лична идентификација (лична карта или пасош).

Содржината на полномошното може да се види овде

Физичкото лице може да побара Сопствениот извештај да му се достави по пошта или по електронска пат,според постапка објаснета подолу. За начинот и износот на уплатата види подолу.

БАРАЊЕ СОПСТВЕН ИЗВЕШТАЈ ДИРЕКТНО ВО ПРОСТОРИИТЕ НА МАКЕДОНСКОТО КРЕДИТНО БИРО

Правно, односно физичко лице може да побара Сопствен извештај директно во просториите на Македонското кредитно биро, со претходно закажување на термин или без претходно најавување.

Закажувањето термин може да се изврши на Инфо телефонот 02/3251-291 или на електронската пошта baranje@mkb.mk.

Лицата кои однапред ќе договорат термин ќе имаат предност пред другите.

Ако Барањето го поднесува правно лице:

  1. Барањето, потпишано од овластеното лице и заверено со печат, може да го поднесе овластеното лице лично, или овластеното лице може во просториите на Македонското кредитно биро да пополни Барање, да го потпише и завери со печат на лице место.

    Овластеното лице го докажува својот идентитет со поднесување копија од Тековната состојба на правното лице издадена од Централен регистар на Република Македонија и документ за лична идентификација (лична карта или пасош).

  1. Доколку Барањето го поднесува друго вработено лице, тоа може да презентира Барање потпишано од овластеното лице и заверено со печат, или тој лично да пополни и потпише Барање и завери со печат. И во двата случаи, лицето треба да поднесе Полномошно потпишано од овластеното лице и заверено со печат.

Содржината на полномошното може да се види овде

На изработката на Сопствениот извештај задолжително претходи уплата на соодветен надоместок преку банка или пошта. Копија од уплатницата се предочува пред вработениот во Македонското кредитно биро. Уплатата се врши на налог за пренос ПП30 или на уплатница ПП10. Податоци за начинот и износот на уплатата види овде

Ако Барањето го поднесува физичко лице:

  1. Барањето може да го поднесе физичкото лице лично, или физичкото лице може во просториите на Македонското кредитно биро да пополни и потпише Барање.

  1. Доколку физичкото лице Барањето го поднесува преку полномошник, полномошникот може да поднесе Барање веќе потпишано од физичкото лице или Барањето да го пополни и потпише тој лично во Македонското кредитно биро. И во двата случаи, полномошникот треба да поднесе Полномошно потпишано од физичкото лице и заверено на нотар.

Содржината на полномошното може да се види овде

На изработката на Сопствениот извештај задолжително претходи уплата на соодветен надоместок преку банка или пошта. Копија од уплатницата се предочува пред вработениот во Македонското кредитно биро. Уплатата се врши на налог за пренос ПП30 или на уплатница ПП10. Податоци за начинот и износот на уплатата види овде

Доставување на Сопствениот извештај по пошта?

Освен со лично преземање од просториите на Македонското кредитно биро, лицето на самото Барање за Сопствен извештај го избира начинот на доставување на Сопствениот извештај од Македонското кредитно биро, кој може да биде:

  • Доставување со редовна пошта,
    Сопствениот извештај ќе се достави на адресата што ќе ја наведе лицето на самото Барање, која треба да биде на територијата на Република Македонија, при што, Субјектот го прифаќа ризикот на праќањето по пошта. Цената на овој извештај со  вклучен трошокот за поштарина може да се види овде

  • Доставување со препорачана пошта,
    Сопствениот извештај ќе се достави на адресата што ќе ја наведе Субјектот на податоците на самото Барање, која треба да биде на територијата на Република Македонија, при што, Субјектот го прифаќа ризикот на праќањето по пошта. Цената на овој извештај со  вклучен трошокот за поштарина може да се види овде

  • Доставување со електронска пошта,
    Со цел извештајот што се доставува во електронска форма да не биде читлив при преносот, Македонското кредитно биро ќе го криптира извештајот со јавен клуч од електронски сертификат на Субјектот на податоците, кој, тој, претходно ќе го достави до Македонското кредитно биро. Доколку се користи MS Outlook, јавниот клуч од електронскиот сертификат може да се достави, така што Субјектот дигитално ќе ја потпише пораката преку која ги испраќа потребните документи на baranje@mkb.mk. Доколку Субјектот користи некој од бесплатните e-mail провајдери како (yahoo, gmail, hotmail итн.), јавниот клуч може да го достави така што ќе потпише еден од документите што ги доставува заедно со Барањето за сопствен извештај. Субјектот го прифаќа ризикот на праќањето по електронска пошта. Доставувањето на овој начин се врши без надоместок, а цената на истиот, може да се види овде

 
Актуелности

Македонско кредитно биро организира бесплатен семинар за граѓаните на 04.11.2011 година
                        повеќе >>

Македонско кредитно биро одржа прес-конференција на тема„Придонесот на Македонското кредитно биро во реформите на деловната клима и рангирањето на Република Македонија како трета нај подобрена економија во светот
                        повеќе >>

Потпишан договор за соработка со Стопанска банка АД Битола на ден 14.10.2011 година.

Потпишан договор за соработка со ТТК Банка АД Скопје на ден 10.10.2011 година.



Корисни линкови

Дирекција за заштита на личните податоци
Организација на потрошувачи
Клириншка куќа КИБС АД Скопјe
КИБС Издавач на дигитални сертификати