Македонско кредитно биро организира бесплатен семинар за граѓаните на кој ќе можат да добијат информации за тоа кои податоци се водат во кредитното биро за нив, зошто е важно да ја контролираат својата должничка историја, и како да се заштитат од измама и кражба на идентитет.
Семинарот за граѓаните ќе се одржи на 04 ноември 2011 година, со почеток во 12 часот, во просториите на Македонско кредитно биро, на улица Димитрија Чуповски бр.13.
