Резервирано за ЧЛЕНКИ
Влези
Добредојдовте
За нас 
   Основач 
   Раководство
   Нашиот тим
   Документи
   Даватели на податоци
   Корисници на податоци
   Субјекти на податоци
Производи и услуги
   Извештаи
   Постапување по рекламации
Наши членки
   Придобивки од членство
   Стани член
Стратегии
   Стратегија за развој
   Стратегија за доверливост
Публикации и Брошури
Прашања и одговори


Прашања и одговори


Прашање: Дали јас како физичко лице, субјект на податоци, можам да побарам и добијам само сопствен извештај, или доколку дадам податоци за други физички или правни лица до кои сум дошла, на пример врз основа на договорите за закуп со тие лица, и со тоа станам давател на податоци што ќе ми овозможи увид, односно да побарам и добијам информација за било кој од вашата база на податоци, кое нешто во иднина би ми помогнало да знам дали со одреден субјект да склучам договор за закуп или не?

Вие, како физичко лице, од Македонското кредитно биро може да побарате Сопствен извештај, кој ќе Ви послужи за Ваше лично информирање за податоците што за Вас се водат во Македонското кредитно биро, како и копија од Кориснички извештај, кој е веќе изготвен за потребите на одреден Корисник на податоци, а содржи Ваши податоци. Исто така, Вие, имате право, врз основа на претходно доставено писмено барање, да извршите увид во податоците кои се водат за Вас, во вид на писмено Известување, кое го изготвува Македонското кредитно биро без надомест.

Но, не може да побарате извештај за друго физичко или правно лице, ниту да дадете податоци за друго физичко или правно лице.

Со Законот за кредитно биро („Службен весник на Република Македонија“ бр.81/08), се дефинира кој може да биде давател и корисник на податоци.

Доколку се изврши измена на Законот, со која би се овозможило и физичките лица да можат да бидат Даватели и Корисници на податоци, во тој случај ќе може да се задоволи Вашата потреба и ќе се зголеми сигурноста во деловните односи помеѓу субјектите.

Прашање: Дали Македонското кредитно биро собира податоци за моите приходи и банкарски депозити?

Не. Македонското кредитно биро собира податоци само за обврските на Субјектите на податоци, а не и за приходите и банкарските депозити.

Прашање: Доколку една банка го одбие моето барање, дали и друга банка ќе го направи истото?

Одобрувањето на кредит, друга финансиска услуга или производ зависи од кредитната политика и политиката на управување со ризици кои се разликуваат од банка до банка. Оттаму, врз основа на ист извештај од Македонското кредитно биро, банките можат да донесат различни одлуки.

Прашање: Кои податоци ги доставуваат банките до Македонското кредитно биро?

Банките до Македонското кредитно биро доставуваат податоци за:

  • кредитни задолженија по сите видови кредити,

  • гарантни обврски како кокредитори, жиранти, солидарни обврски и обврски од гаранции, непокриени акредитиви и друго,

  • трансакциски сметки со дозволено и недозволено пречекорување на салдото,

  • платежни картички со дозволено (кредитно) и недозволено пречекорување на салдото.

 
Актуелности

Македонско кредитно биро организира бесплатен семинар за граѓаните на 04.11.2011 година
                        повеќе >>

Македонско кредитно биро одржа прес-конференција на тема„Придонесот на Македонското кредитно биро во реформите на деловната клима и рангирањето на Република Македонија како трета нај подобрена економија во светот
                        повеќе >>

Потпишан договор за соработка со Стопанска банка АД Битола на ден 14.10.2011 година.

Потпишан договор за соработка со ТТК Банка АД Скопје на ден 10.10.2011 година.



Корисни линкови

Дирекција за заштита на личните податоци
Организација на потрошувачи
Клириншка куќа КИБС АД Скопјe
КИБС Издавач на дигитални сертификати