|
Основач
Македонското кредитно биро е основано од страна на Клириншката куќа Клириншки интербанкарски системи АД Скопје (КИБС АД Скопје).
КИБС АД Скопје (http://kibs.com.mk) е основано како акционерско друштво во мај 2001 година, од страна на 16 банки од
постојните 20 банки колку што делуваа во тој период на територијата на Република Македонија. Сега е во сопственост на 15
банки од постојните 17 банки кои делуваат на територијата на Република Македонија. Клириншката куќа е основана 2001 година
од страна на банките, согласно Законот за платен промет, со цел утврдување
и пребивање на мали меѓубанкарски плаќања на мултилатерална основа.
Дејност на делување на КИБС е размена на меѓубанкарски трансакции на мали износи и обезбедување на систем на пресметка и порамнување
по нето принцип на мултилатерална основа, водење на единствен регистар на трансакциски сметки во државата, издавање на висококвалитетни
сертификати за електронски потпис, поврзување и размена на податоци на банки и со други субјекти, водење на бази на податоци од
меѓубанкарски интерес, изработка на информациски системи од интерес на меѓубанкарското работење и друго.
КИБС располага со современа техничко-технолошка и хардверска опременост, телекомуникациска поврзаност, како и
широка лепеза на развиени софтверски решенија, а размената на податоците со учесниците се врши исклучиво по
електронски пат.
Кадровскиот и техничко-технолошкиот потенцијал на КИБС, овозможи проширување на основната дејност и со други
производи како Издавач на дигитални сертификати со карактеристики на доверлив субјект кој е целосно оформен
и функционира (http://ca.kibs.com.mk).
|