|
Како да станете член?
Производите и услугите на Македонското кредитно биро се користат преку зачленување,
а зачленувањето е доброволно. Македонското кредитно биро со потенцијалната членка,
која ги исполнува условите од Законот за кредитно биро и ги прифаќа правилата за работа
на Македонското кредитно биро, склучува Договор за регулирање на меѓусебните права и
обврски со што станува Членка на Македонското кредитно биро.
Членувањето е јавно, а Македонското кредитно биро ги известува своите Членки за пристапување
и/или отстапување од членство на други Членки.
|