|
Даватели на податоци
„Давател на податоци“ е секое лице кое доставува податоци за обврските на правни и физички лица до Македонското кредитно биро.
Даватели на податоци можат да бидат:
-
банки, филијали на странски банки и филијали на банки од земји членки на Европската унија;
-
штедилници;
-
осигурителни друштва;
-
друштва за финансиски лизинг;
-
други даватели на кредити;
-
друштва за работа со платежни картички;
-
Управата за јавни приходи;
-
Централниот регистар на Република Македонија;
-
Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Република Македонија;
-
градот Скопје и единиците на локална самоуправа;
-
даватели на услуги од областа на комуналните дејности, енергетиката, телекомуникациите и
-
други трговски друштва кои даваат услуги по основ на кои настануваат обврски за правните и физичките лица.
Давателите на податоци доставуваат податоци што ги стекнале исклучиво при извршување
на своите редовни работи.
Доставувањето на податоците до Македонското кредитно биро, согласно Законот за кредитно биро,
не се смета за повреда на банкарска, даночна или деловна тајна.
Давателите на податоци ги доставуваат податоците во електронска форма, заштитени на начин така
што да не бидат читливи при преносот.
Права и обврски на давателите на податоци
|